Првата дама на берзата во Њујорк: Меланија Трамп самоуверена во „Прада“
САД– Првата дама на САД имаше важна задача-со ѕвонче го означи почетокот на работата на Њујоршката берза.
Домаќин и беше првата жена претседател на Берзата, Стејси Канингам. Меланија Трамп (48) беше самоуверена и насмеана, сите гледаа во неа, а таа за оваа пригода избра црн коктел фустан на Прада со салонки на Роже Вивие.
На берзата се дружеше и со децата кои учат во United Nations International School, за да ја промовира својата кампања ‘Be Best’.