Прозорците на „Фенди“  на Менхетен во чест на Карл Лагерфелд


Њујорк– Сѐ е за Карл. Од понеделник до 10 мај, Фенди ќе ги трансформира прозорците на својата главна продавница во Њујорк на аголот на 57-та улица во зградата Фулер на Менхетен за да ја прослави работата на покојниот креативен директор на куќата Карл Лагерфелд.

Лагерфелд, кој имаше 54-годишен мандат во Фенди, е тема на годишната модна изложба во Институтот за костими на Метрополитен музеј на уметноста насловена „Карл Лагерфелд: линија на убавина“. Изложбата ќе биде отворена за јавноста од 5 мај до 15 јули.

Блејк Лавли во креација на Лагерфелд на Мет-Гала заедно со легендарниот дизајнер

Продавницата на Fendi содржи женска и машка реди- ту веар колекција, додатоци и кожни производи на две нивоа. Луксузната града, првично дизајнирана за сместување уметнички галерии, беше реинтерпретирана во 2021 година во единствен концепт реализиран од Фенди во соработка со актуелните уметнички директори Ким Џонс и Силвија Вентурини Фенди, трансформирајќи ја идејата за галерија во нов современ простор.

Карл Лагерфелд со водечките манекенките во 80-тите

Во чест на изложбата, на фасадата на бутикот на 57-ма улица ќе има скици од архивата на Лагерфелд на Фенди, украсени на три ката од прозорците на дигиталните екрани. Дополнително, 15 архивски изгледи дизајнирани од Лагерфелд за Fendi и избрани од колекциите реди-ту-веар, крзно и мода на куќата ќе бидат прикажани во три групи низ прозорците на бутикот, како дополнение на една во внатрешноста на преголемата стаклена сфера на локацијата, со поглед на авенијата Медисон.

Скиците се движат во време од колекцииите за есен 1966 година до сезоната за есен 2018 година, претставувајќи некои од дизајните со потпис на Лагерфелд за Fendi низ децениите. Архивските изгледи беа избрани од уметничките директори на Фенди, со креативно советување од Аманда Харлех. Геометриските шари внимателно се играат во рамките на првата група на изгледи кои се протегаат од 60-тите и 70-тите години до бунда од визон пролетта 2014 година и наметка од тул од есен 1998 година. Техниките вклучуваат симетрична дијагонална изработка, визон сошиена во шеврон дезени и печатење на свилен екран што дава избледен ефект.

Во втората група на изгледи, обемот и занаетчиското мајсторство се истражени, со топ и панталони од есен 1979 година и геометриски палто од визон од есента 2000 година.

Колекцијата на изгледи со пердуви во мешани материјали, која дебитираше на модните писти од 2015-2019 година, ја обединува третата група. Стаклената сфера ќе прикажува фустан од шифон од пролетта 2000 година и сребрен ламиниран светки во жолта боја. Фустанот се одликува со уникатна геометриска изработка, создавајќи ефект на крпеница на светки. Изгледот подоцна беше замислен од Ким Џонс како нане зелена и сребрена тоалета во модната колекција есен 2022 година, во чест на Лагерфелд.

Лагерфелд почина на 19 февруари 2019 година.

Покрај водечката бутичка инсталација, Фенди ќе има свое присуство на излогот на Бергдорф Гудман од крајот на април до средината на мај. Инсталацијата во Њујорк, исто така, ја препознава изложбата на Лагерфелд на Мет и содржи избор на архивски изгледи на Фенди дизајнирани од Лагерфелд од пролетта 1985 до 1992 година, вклучувајќи печатени и шарени фустани од свила, лен и светки. (WWD)