Протести на родителите во Црна Гора поради новите злосторства што ги направи момчето кое минатата година го нападна синот на Ал Дино
Пред неколку дена имаше големи протести на родители во Бар, Црна Гора, поради малолетник кој со нож тешко рани училишен другар, а кој полицијата предвреме го ослободи. Минатата година истото момче беше во групата која го нападна синот на Ал Дин.
Во април минатата година беше нападнат синот на пејачот од Босна и Херцеговина Ал Дино и новинарката Ардуана Прибиње. Главата му била скршена со метална прачка, а претепан бил и неговиот пријател, кој завршил со скршеници на коските на лицето и операција.
Меѓу групата момчиња кои ги претепаа двајцата беше и тогаш 16-годишниот А.К., за кого пред три дена во Бар беа одржани големи протести на родителите. Со нож го избодел школскиот другар Дарис Мујиќ во гимназијата „Нико Роловиќ“.
Сега 17-годишникот е осомничен за обид за убиство откако со нож го избодел Дарис Мујиќ, ученик од ова училиште. Лекарите со денови се бореле за животот на Дарис, а поради повредите морале да му ја отстранат слезината.
А.К. беше ослободен неколку дена по извршувањето на делото за да се брани од слобода, што револтираше многу родители во Бар, кои досега двапати одржаа големи протести. За ова објавија сите црногорски медиуми, а Vijesti.ba пишува дека насобраните и говорниците побарале реформа на законот, построги казни за малолетните престапници и реформи во образованието, како и итно вклучување на властите во процесот на сузбивање на насилството.
На протестот, на кој присуствуваа стотина граѓани, беа испишани транспаренти „Уште колку жртви се потребни за промена“, „Пријателот не е мета, престанете со врсничкото насилство“, „Благи казни – слаба правда“, „Дали чекаме „Рибникар“?“, „Судио, заради тебе нашите деца не можат да излезат надвор“.