Протест на вработените во Македонски пошти поради доцнење на платата и условите за работа


(Фото: принтскрин ТВ Телма)

Вработените во Македонски пошти денеска излегоа на протест, незадоволни поради доцнење на септемвриската плата и условите за работа. Тие протестираа дирекцијата на Пошти, при што побараа итна средба со менаџментот на компанијата. Тие исто така стравуваат за натамошната судбина на компанијата и за нивните работни места.

„Сакаме револтот да го изразиме и поради многу лошите услови за работа, а најмногу поради неизвесноста на вработените за иднината на компанијата“, беше истакнато на протестот.

Притоа, како што додадоа, вработените стравуваат и дали команијата ќе се приватизира или владата и менаџерскиот тим ќе изнајдат начин за компанијата да излезе од сегашнава ситуација. 

Владата минатата година најави приватизација или преземање на Македонски пошти со јавно приватно партнерство, но засега нема информации до каде е постапката.