Пронајдено безживотното тело на метеорологот кој исчезна во Бјелашница


Денеска во 11 часот и 15 минути на планината Бјелашница во Босна и Херцеговина е пронајдено безживотното тело на метеорологот по кое се трагаше четири дена.

Четири дена бројни спасувачки екипи трагаа по Мирзо Туцаковиќ, вработен во Метеоролошката станица кој исчезна пред четири дена во Бјелашница кога отишол да ја преземе смената.

Од другата страна на планината е пронајдено безживотно тело.

Во денешната акција за пребарување учествуваа 55 лица, четири кучиња трагачи и дронови. За жал, потрагата заврши со пронаоѓање на безживотно тело.

Претходните пребарувања се одвиваа во многу тешки услови поради снегот и силниот ветер, но денеска сончевото време беше соодветно за спасувачите да трагаат.