Пронајдена е двегодишната Дуња Марковиќ, огромната потрага во Србија траеше цела ноќ

Куче за спасување на планинската служба за спасување утрово ја пронашло двегодишната Дуња Марковиќ.
Како што дознава Телеграф.рс, била промрзната, но добра е.
Девојчето го пронашло специјално обучено куче на планинската спасувачка служба.
Детето цела ноќ поминало надвор, настинало, но е во добра здравствена состојба.