Пронајден и уапсен возачот кој прегази 11-годишничка во Капиштец


Вчера полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа С.Б. од Скопје, кој пред два дена со возило удрил во малолетно девојче во Капиштец и избегал од местото на настанот.

Настанот бил пријавен на 16.03.2026 во 16:10 часот, кога од Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било известено дека кај нив е донесена 11-годишна малолетничка со тешки телесни повреди.

Според информациите, несреќата се случила околу 13:20 часот на крстосницата меѓу улиците „Васил Ѓоргов“ и сервисната улица со „Народен Фронт“, каде патничко возило удрило во девојчето и го напуштило местото.

Против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и за „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.