Промотивна велосипедска тура низ падините на Славеј Планина


Општина Дебрца во соработка со Rupicapra MTB Adventure team започна со подготовка за одржување на Вело настан на падините на Славеј Планина на 13 април 2025 година со почеток во 10:00 часот.

Стартот на турата е село Лактиње, а љубителите на велосипедизмот и планините ќе имаат можност да ја разгледаат убавината на Славеј Планина и селата во нејзините падини, информираат од Општина Дебрца.

Посочуваат дека настанот Славеј Планина МТБ тура 2025 е без котизација, а за учесниците обезбедени се бесплатни освежителни пунктови, вода, сок, енергетски барови, благо, овошје, магнезиум, ручек…

Повеќе детали за настанот, можноста за пријавување и детали околу патеката на линкот.