Промоција на едукативниот цртан филм „Кликни безбедно“ во Скопје
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, ќе присуствуваат на промотивно прикажување на едукативен цртан филм „Кликни безбедно“.
Како што соопштуваат од кабинетот на министерот, филмот е создаден како резултат на креативна соработка помеѓу ученици и наставен кадар, со цел да се подигне свеста за безбедно, одговорно и етичко користење на интернетот кај децата и младите.
Филмот е реализиран во рамките на проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет, имплементиран од Министерството за дигитална трансформација.