Продолжен притворот за осомничените за убиството на малата Данка. Нејзиното тело не е пронајдено


Вишиот суд во Заечар им го продолжи притворот за нови 30 дена на Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, кои се осомничени за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ. Адвокатите на осомничените побарале укинување на притворот, но судот ги одбил, пишува Блиц.

Тој суд треба повторно да донесе одлука за обвинението против Драгијевиќ и Јанковиќ откако судот во Ниш неодамна го укина решението со кое се потврдува обвинението и го врати на повторно одлучување.

Данка Илиќ, да потсетиме, исчезна на 26 март минатата година, а нејзиното тело сѐ уште не е пронајдено. Во обвинението Јанковиќ и Драгијевиќ се товарат за кривично дело тешко убиство.

Радослав Драгијевиќ, таткото на Дејан, е осомничен за кривично дело помагање на сторител на кривично дело и непријавување кривично дело. Го обвинуваат дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето.

Обвинителството обвинува дека на 26 март минатата година Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ со службено возило на „Водовод“, чии вработени биле, удриле двегодишно девојче, а потоа го внеле во возилото.

Тие се осомничени дека нејзиното тело го фрлиле во депонија, од каде подоцна било преместено.

Во обвинението се наведува дека камерите го снимиле движењето на возилото во кое се наоѓале Драгијевиќ и Јанковиќ, но не и дека е снимен контактот меѓу возилото и девојчето во Бањско Поље.

Камерите наводно не покажуваат дека детето било удирано од возилото. Во обвинението е наведено и дека Данка Илиќ е убиена со задавување со раце, но се забележува и дека ова тврдење се заснова на признанието на обвинетиот, кое подоцна го повлекол. Имено, се тврди дека откако го удриле девојчето, еден од осомничените излегол, го собрај девојчето, но видел дека е уште живо, па место да му пржи помош, го задавил со раце и го ставил во гепекот на возилото.

Да потсетиме, претходните вештачења на службеното возило што го користеа осомничените, не беа пронајдени биолошки траги кај девојчето. Пронајдено е едно влакно без корен и не може да се утврди кому му припаѓа.

Дополнително, пребаран е секој дел од Бањско Поље каде девојчето беше пријавено за исчезнато, но сѐ уште нема одговор на прашањето каде е телото на исчезнатата Данка Илиќ.

Паралелно со истрагата за убиството на Данка, се води истрага и за претепувањето на Далибор Драгијевиќ, братот на осомничениот Дејан, кој почина во полициската станица Бор поради полициска бруталност.

Тој беше приведен поради сомнение дека му помогнал на Драгијевиќ да го сокрие телото на детето, а иако МВР тврдеше дека починало од природна смрт, обдукцијата покажала дека смртта била насилна. Сѐ уште никој не е уапсен во врска со неговата смрт.