Продолжен притворот за осомничените за убиството на Данка Илиќ


Вишиот суд во Заечар им го продолжи притворот за уште 30 дена на С.Ј и Д.Д., осомничени за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, беше потврдено за Танјуг од тој суд.

Според оваа одлука, нивниот притвор може да трае до 29 мај.

Осомничените се во притвор од 6 април поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и уништување или отстранување траги од извршување на кривично дело, како и нарушување на јавноста.

Во притвор е и таткото на Д.Д., под сомнение дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето.

По 10-дневна потрага и детална проверка на сите индиции и информации, полицијата ги уапси С.Ј и Д.Д. .

Телото на девојчето кое исчезна на 26 март во Банско Поле кај Бор сè уште не е пронајдено.