Продажните цени во индустријата пониски на месечно, повисоки на годишно ниво

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јули годинава се пониски за 0,9 отсто на месечно ниво и повисоки за 1,2 отсто на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во јули во споредба со јуни годинава пониски продажните цени за 1,6 проценти има во групата „нетрајни производи за широка потрошувачка“, за 0,5 процебнти кај „интермедијарни производи, освен енергија“ и за 0,1 отсто кај „капитални производи“.

Во јули годинава, во споредба со јули минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите „енергија“ за 1,7  проценти, „капитални производи“ за 1,6  проценти, „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 1,2 процента, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 0,7 проценти и „трајни производи за широка потршувачка“ за 0,8 проценти.