Приведени 21 лице за непочитување на полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот
(28/29.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на
целата држава 28 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени
се 21 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 65 лица
им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и
самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и
самоизолација.