Приведен патникот кој се соблекол гол до појас и викал „УЧК“ на летот од Брисел за Скопје


Фото: Б. Грданоски

 

Патник се соблекол гол до појас, викал „УЧК“ и агресивно ги вознемирувал патниците на денешниот лет на „Визер“ од Брисел за Скопје. Полицијата го приведе веднаш по слетувањето на скопскиот аеродром околу 12.30 часот.

„Засега е познато дека станува збор за косовски државјанин кој е задржан на граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје поради агресивно однесување. Се работи на расчистување на случајот“,  изјавија од Министерството за внатрешни работи .

Инциденти сo агресивно однесување од ваков тип не се невообичаени на летовите за Скопје. Пред два месеца, патник беше приведен оти мастурбирал на летот од Лондон, а лани во два наврати патници од Брисел кои запалиле цигари на лет добија доживотна забрана за летање со „Визер“.