Присуството на Кејт Мидлтон на Вимблдон зависи од една  работа


Лондон – Кралските фанови чекаат со задржан здив да видат дали Кејт Мидлтон ќе се појави на Вимблдон оваа година, но во моментов, нејзиното присуство  сè уште лебди во воздух и целосно зависи од тоа како ќе се чувствува до крајот на неделата.

Пријател на Мидлтон разговараше со Дејли Бист и откри дека принцезата се надева дека ќе биде на годишното првенство во тенис, но тоа зависи од растојанието помеѓу нејзината хемотретерапија среде нејзината битка со ракот.

„Не е тајна дека таа многу би сакала да биде таму, но кога е на хемотерапија, како што самата рече, има добри и лоши денови“, изјави изворот за весникот. „Многу зависи од времето на третманите. Таа стигна до Trooping the Colour, па ако може да дојде на Вимблдон, ќе го направи тоа“.

Мидлтон лани му го врачи трофејот на Вимблдон на Алкараз

Доколку Мидлтон присуствува, таа треба да му го додели трофејот на победникот во женското финале во сабота и машкото финале во недела, но има некој во редот како резервна варијанта доколку не може да стигне поради здравствени проблеми. Татлер објави дека во случај Мидлтон да ги прескокне натпреварите, „шефовите ја одредиле војвотката од Глостер“ – Биргит, сопруга на братучедот на кралицата Елизабета, Војводата од Глостер – „како веројатен кандидат за доделување на трофеите на Вимблдон доколку принцезата не е достапна. Бидејќи дискусиите продолжуваат и покрај отсуството на Кејт, се разбира дека започнаа неформални дискусии со војвотката од Глостер како потенцијална замена“.

Дебора Џеванс, претседателка на All England Lawn Tennis and Croquet Club, разговара со Биргит, војвотката од Глостер во Кралската ложа на Вимблдон на 8 јули,  2024 

Во меѓувреме, член од семесјтвото Мидлтон на Вимблдон, беше присутен барем како гледач на трибините. Нејзината мајка, Керол Мидлтон, заедно со сопругот Мајкл, беше видена облечена во цветен фустан додека седеше во кралската ложа – седиште на кое принцезата од Велс ќе седеше доколку беше присутна.