Природна катастрофа во Судан – реката Нил со енормен раст
Суданските власти ја прогласија својата земја за подрачје на природни катастрофи и воведоа тримесечна вонредна состојба низ целата земја, откако во поплавите загинаа околу 100 лица и поплавија повеќе од 100.000 домови од крајот на јули досега.
Изјавата дојде доцна во петокот по состанокот на Советот за одбрана и безбедност на земјата, предводен од највисокиот владин претставник генерал Абдел-Фатах Бурхан.
Поплавите предизвикани од сезонски обилни дождови, претежно во соседна Етиопија, предизвикаа пораст на реката Нил околу 17,5 метри кон крајот на август, што е највисоко ниво во последните 100 години, според суданското Министерство за наводнување.
Министерството соопшти дека нивото на водата во Синиот Нил е повисоко од поплавите во 1988 година кои уништија десетици илјади домови во неколку делови на Судан и раселија повеќе од еден милион луѓе.
Министерката за труд и социјален развој Лина ал-Шеик изјави дека во поплавите загинале околу 100 лица, повредени се најмалку 46 лица, а загрозени повеќе од 500.000 низ целата земја. Над 100.000 куќи се целосно или делумно урнати.