Принцот Хари и Меган Маркл повторно ќе станат родители


Портпаролот на принцот Хари и Меган Маркл потврди дека очекуваат второ дете.

Портпаролот на принцот Хари и Меган рече дека „може да потврди оти Арчи (2) ќе стане постар брат“, објави „Гардијан“.

„Можеме да потврдиме дека Арчи ќе стане постар брат. Војводата и војвотката од Сасекс се пресреќни што очекуваат второ дете“, стои во соопштението.