Принцот Чарлс покажа импресивнo знаење на францускиот јазик во ново видео
Седумдесет и две годишниот кралски благородник ги покажа своите импресивни вештини за странски јазик во понеделникот. Принцот Чарлс виртуелно му се придружи на претседателот на Франција Емануел Макрон на Самитот на една планета, каде говореше на француски јазик.
Неговата порака беше преведена како: „Најмногу сум трогнат што сум поканет да се придружам на сите вас, на почетокот на оваа година на надеж, за овој витално важен Самит на една планета“.
„Јас можам само да ви честитам, почитуван претседател, за укажаната важна клучна можност за галванизирање на амбициозна, но практична акција за решавање на критичните предизвици со кои се соочува оваа планета, кои сите ги споделуваме со остатокот од природата“.
Чарлс ја промовира својата Повелба за Земјата – или Тера Карта – во понеделникот, повикувајќи врвни компании како Банка на Америка и БП да ја поддржат новата повелба за животната средина, која има за цел да обезбеди големите бизниси да вклучуваат зелени иницијативи во нивните идни планови, пишува „Пипл“.
Во воведниот есеј за неговата повелба, кралскиот дедо, кој го одржа својот прв говор за животната средина во 1970 година, вели дека сме во „историска пресвртна точка“ во животот и егзистенцијата на сегашните и идните генерации „и денес“ мора да биде одлучувачки момент дека ја правиме одржлива приказната за раст на нашето време, додека ја позиционираме природата како мотор на нашата економија “.
Thanks to HRH The Prince of Wales for his message of hope & ambition: “The #GreenRecovery represents an opportunity to rethink & reset the ways in which we live & do business, […] as we look at tackling the interdependent climate, biodiversity and health crisis.” @ClarenceHouse pic.twitter.com/SOY9RU2rr6
— French Embassy UK (@FranceintheUK) December 11, 2020
Францускиот не е единствениот странски јазик на кој принцот Чарлс го зборувал јавно. Како Принц од Велс, тој го научи незгодниот велшки јазик кога имал 20 години со лекции од д-р Едвард „Теди“ Милворд – и нивната врска и студии беа прикажани во третата сезона на сериата Круната на Нетфликс.
Во април, Чарлс исто така покажа дека учењето на Милвард не било залудно потрошено за време на отворање на итна теренска болница во Кардиф, Велс, позната како Ysbyty Calon Y Draig (болница на срцето на Змејот).
„Во објектот со име, толку евокативно и соодветно, Calon y Ddraig, што можам да кажам освен ‘diolch o galon,’ (искрено благодарам)“, рече Чарлс преку видео-врска. „Llongyfarchiadau ichi i gyd.” (Честитки за сите вас.)
The Prince of Wales today sent a message to mark the opening of Ysbyty Calon Y Ddraig, the Dragon’s Heart Hospital in Cardiff.
This temporary facility is based in @principalitysta and will provide up to 2,000 additional beds to help Wales tackle the coronavirus pandemic. @CV_UHB pic.twitter.com/WjqKQm5Cci
— The Prince of Wales and The Duchess of Cornwall (@ClarenceHouse) April 20, 2020
Принцот Вилијам се чини дека го наследил талентот за јазици од татко му, еднаш изненади почесник на наградата Дијана, кој беше од Африка со зборови на свахили.
„Еден од младите е од Танзанија и тој започна да разговара со него на свахили – и ова младо момче се разнежи!“ изјави за „Пипл“, Теси Ојо, извршен директор на добротворната организација „Награда Дијана“. „Не беше само една реченица. Тоа не беше нешто што го прочита од книга. Беше навистина посебно”.
Кејт Мидлтон, сепак, призна дека јазичните вештини не ѝ доаѓаат лесно.
„Морам да се осигурам дека моите деца се подобри од мене, тоа е мојата цел“, ѝ рече Кејт на една жена од Италија во 2018 година.