„Принчипеса“ – Владо Јаневски со нова балада пред концертот со Бајага во Скопје


Фото: Б. Грданоски

„Принчипеса“ е новата балада на Владо Јаневски, која беше промовирана на неговиот јутјуб канал. Јаневски е автор на музиката и текстот, а аранжер е хрватскиот музичар Никша Братош, кој редовно соработува со македонскиот кантавтор. Песната е снимена во студиото на Братош во Загреб.

„Принчипеса“ е најава на заедничкиот концерт на Владо Јаневски и Бајага, кој ќе се одржи на 14 февруари во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, во организација на „Авалон“.
 
Јаневски во 2025 година објави албум на хрватски јазик, „Најубавите љубовни песни“, под етикетата на „Менарт“.