Принцезата Шарлот порасна: Роденденски фотографии од мама Кејт


Англија – Принцезата Шарлот вчера наполни 4 години, а на официјалниот профил на Кенсингтонската палата беа објавени три фотки од неа, кои ги направила мама Кејт.

Кејт, војвотката од Кембриџ, очигледно ги обожава фотките во природа, па токму такви се и овие три од принцезата Шарлот која си игра и позира.

Неодамна Кејт ја почести јавноста со роденденски фотографии на најмалиот син Луис, кој наполни една година.