Принцезата Дијана ѝ донесе „Златен глобус“ – трета среќа за Елизабет Дебицки


Лос Анџелес– „Круната“ можеби заврши, но љубовта кон серијата е вечна. Синоќа, на Златните глобуси 2024 година, Елизабет Дебицки, која ја игра принцезата Дијана во последните две сезони, го однесе трофејот за најдобра споредна женска улога во драма.

„Ви благодарам многу“, рече таа, облечена во тоалета во боја на шампањско на Диор, додека ја држеше својата нова награда. „Благодарам на креативците на оваа серија што ми го доверија овој дел, на нашата актерска екипа, на мајка ми и татко ми и Куш и Томи кои се во Австралија, надевајќи се дека се во нивните пижами гледајќи го ова“.

Улогата на Дебицки на принцезата Дијана во последните две сезони на хит кралската драма на Нетфликс доби широко признание. Нејзиниот колега, Доминик Вест, изјави за Town & Country дека неговите омилени сцени во шоуто се со неа. 

Дебицки ја играше принцезата Дијана во сезоните 5 и 6 на Круната, добивајќи ги златните номинации двата пати. Ова е нејзина прва победа.

Дебицки ги глумеше последните години на Дијана како член на кралското семесјтво, пред фаталната сообраќајќа во 1997 година каде загина на 36 години. 

Дебицки победи во категоријата во која беа номинирани и Мерил Стрип (Само убиства во зградата), Хана Вадингем (Тед Ласо), Аби Елиот (Мечката), Кристина Ричи (Жолти јакни) и Џ. Смит-Камерон (Следство).