Прилепчани си крадат дрва за огрев на големо


Во вторникот,  по преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Прилеп во содејство со Шумската полиција од Прилеп во околината на местата викани Студенец и Дервен пронашле три патнички моторни возила и три запрежни коли натоварени со дабово и буково огревно дрво.

Дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција Прилеп.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.