Пријавете се на ГИС порталот, брзи дигитални услуги и информации за Општина Центар
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува граѓаните да го користат ГИС порталот – современа дигитална платформа што овозможува брз, едноставен и транспарентен пристап до услугите и информациите на Општината. Преку порталот, достапен на https://gis.centar.gov.mk/
„Со едноставна регистрација, секој граѓанин добива пристап до широк спектар на дигитални услуги и информации. Нашата цел е преку современи алатки да ја подобриме комуникацијата со граѓаните, да ја зголемиме транспарентноста и да овозможиме полесен пристап до општинските услуги“, истакна Герасимовски.
Преку ГИС порталот, корисниците можат:
• да ги следат сите новости, соопштенија и активности на Општината;
• да се информираат за културната програма, јавните настани и манифестации;
• да добиваат информации за тековните и планираните инфраструктурни зафати;
• да учествуваат во анкети, консултации и граѓански форуми, со што активно придонесуваат во креирањето на општинските политики и приоритети.
Порталот постојано се надградува со нови функционалности и дигитални услуги. Еден од најкористените е модулот за градинки, преку кој родителите имаат персонализиран увид во активностите на своето дете, присуството, известувањата од градинката и други важни информации.
Во рамки на ГИС порталот достапни се и:
• информации за Деталните урбанистички планови со можност за пребарување и електронско поднесување на барање за извод од ДУП;
• 3Д приказ на општината, Digital Twin – дигитален близнак со современа 3Д визуелизација на просторот;
• Зелен катастар, кој овозможува детален увид во зелените површини, парковите и дрворедите;
• информации за јавната инфраструктура, сообраќајната мрежа и останатите просторни податоци од значење за граѓаните.
Со развојот на ГИС порталот, Општина Центар создава модерна, транспарентна и ефикасна локална самоуправа, достапна за сите граѓани