Преживеа 4 нацистички конц-логори, го уби руска бомба во Харков


 

96-годишен преживеан од концентрациониот логор на Холокаустот е убиен во бомбашки напад во украинскиот град Харков, јавуваат германските медиуми.

Борис Романченко починал во петокот откако неговиот дом бил погоден од проектил, изјави неговата внука.

Романченко беше преживеан од концентрационите логори Бухенвалд, Пенеминде, Мителбау-Дора и Берген-Белзен.

Во денешното соопштение, Фондацијата за спомени од Бухенвалд и Мителбау-Дора рече дека е „длабоко вознемирена“ од веста.

Романченко водеше „интензивна кампања“ за сеќавање на нацистичките злосторства и беше потпретседател на Меѓународниот комитет Бухенвалд-Дора, додаде фондацијата.

Романченко, роден во 1926 година, беше депортиран од нацистите од Суми во Украина во Дизелдорф на принудна работа во 1943 година и беше испратен во концентрационен логор по обидот да избега. Тој беше убиен во петокот во бомбашки напад во Харков. Според неговата внука, тој живеел во повеќекатна зграда која била погодена од проектил“, пишуваат од фондацијата.