Претседателски стил на Водно: Чистата елеганција на Пендаровски и Ѓукановиќ
Македонскиот претседател Стево Пендаровски (56) својот прв висок гостин од негов ранг , црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ (57) го пречека на високо ниво, најелитно и највисоко во Скопје- на Водно, со црвен килим. Целиот сообраќај утрово во главниот град беше закрчен заради важната посета, а небото го надлетуваше и хеликоптер.
Со стилот, покажаа висока дипломатија. Во тегет костуми, бели кошули и и слични чевли разговараа денес во претседателската вила. Пендаровски, воздржан, со сина вратоврска, а Ѓукановиќ во црвена со бели кашмир шари.
Слични генерациски, и од слично поднебје, заеднички им е и добриот вкус на облекување, почитување на дипломатскиот протокол, негуван изглед и топ-форма. Нема место за претерување ниту приватни желби, туку строги и чисти линии, и удобност во носењето на очигледно брендираните, но ненаметливи парчиња машка облека.
Л. Сабит Фото: Б. Грданоски