Препорака до спортските канали до 31 декември да воведат коментирање на македонски и на албански јазик
До крајот на годинава спортските канали ќе треба да воведат коментирање на спортските натпревари на македонски и на албански јазик, препорача денеска Владата.
„Врз основа на Извештајот на Работната група за изнаоѓање начин за регулирање на јазично покривање на македонски и албански јазик на спортските канали кои се реемитуваат на територијата на Република Северна Македонија, Владата им препорача на сите радиодифузери што реемитуваат спортски содржини на територијата на Република Северна Македонија, најдоцна до 31 декември да започнат да ги имплементираат одредбите од Конвенцијата на ЕУ за прекугранична телевизија и да ги емитуваат спортските медиумски сервиси на македонски и на албански јазик“, се вели во соопштението од денешната владина седница.