Прекината е потрагата по девојчето во реката Сава во Загреб
Водачот на нуркачкиот тим потврди дека е прекината потрагата по тригодишното девојче чија мајка, според пријавата добиена во полиција, попладнево го фрлила во реката Сава.
„За денеска е прекината потрагата по исчезнатото девојче поради тешките временски услови и темницата“, изјави Дражен Павлиќ, предводник на нуркачкиот тим на Јавната противпожарна станица на градот Загреб.
„Условите се тешки и напорни, темница е. Сава е денеска мошне брза, има многу голем водостој, кој го забрзува текот на реката, така што беше многу напорно. Ја имаме целата потребна опрема, користевме подводен скенер, и се разбира, рефлектори за осветлување“, нагласи предводниот на нуркачкиот тим на Јавната противпожарна служба на градот Загреб, пренесува ХРТ.
Мајката на девојчето е под полициски надзор, објави порталот 24sata.hr.
„Денеска во 16 часот и 10 минути добивме дојава за потреба од потрага по лице. Веднаш решивме да започнеме акција за пребарување со два чамци, џет ски, дрон и термална камера. Баравме по коритото на реката Сава. Потрагата за денеска е прекината поради тешките временски услови“, изјави водачот на спасувачката екипа