Прекинат транспортот на гас за Сараево; РС ќе го решава проблемот дури во четврток поради поддршката за Додик
Компанијата Сараево Гас од Источно Сараево соопшти дека дошло до дефект во транспортот на природен гас.
Евидентиран е дефект на магистралниот гасовод Зворник – Сараево. Поради тоа, поради поправки и истекување на гас, од 26 февруари на полноќ ќе има прекин во снабдувањето со природен гас на главниот град на БиХ.
И немаше да има ништо чудно во ова доколку споменатата компанија не објави дека поради поддршката на Милорад Додик, претседателот на Република Српска, на митингот во Бања Лука, работниците нема да можат да го санираат дефектот пред четврток.
Природниот гас ќе биде пуштен по санирање на дефектот на 27 февруари.