Предупредување од Ангела Меркел: Состојбата е загрижувачка, ако продолжиме вака…


Германската канцеларка Ангела Меркел е загрижена за моменталната епидемиолошка состојба во таа земја и предупреди дека во Германија трендот ќе оди кон тоа да бидат регистрирани 19.200 новозаразени за еден ден.

– Ако продолжиме вака, со овој тренд, тогаш ќе имаме 19.200 инфекции дневно. Тогаш е како во другите земји, предупреди Меркел на видео-конференција на претседателството на ЦДУ.

Таа рече дека мора да се преземе акција против локалните жаришта, бидејќи во спротивно Германија за Божик би имала бројки како другите земји.

Според „Билд“, Меркел изјавила дека бројот на инфекции во Европа е многу загрижувачки и дека е потребно во Германија да се направи сé, со цел да се спречи повторниот експоненцијален раст.

Таа посочи дека е потребно да се утврдат приоритетите и дека економијата мора да продолжи да работи, училиштата и градинките да останат отворени, но дека фудбалот е нешто второстепено.

Меркел, исто така, ги критикуваше локалните власти, особено Владата на покраината Берлин, велејќи дека „нешто конечно мора да се стори во тој град“.