Пред новите избори Нетанјаху го напуштаат најлојалните десничари во владата
ТЕЛ АВИВ – Десниот предизвик на премиерот Бенјамин Нетанјаху за изборите во март во Израел, во средата доби интензитет со пребегнување на долгогодишен сојузник во новата ривалска партија.
Во писмото во кое се најавува оставка од десничарската партија Ликуд на Нетанјаху и парламентот, Зеев Елкин, министер во неколку влади на Нетанјаху, го обвини израелскиот најдолговечен премиер дека ги става своите интереси пред интересите на земјата.
„Не можам да ги замолам Израелците да гласаат за вас (Нетанјаху) и да бидат задоволни што ги ставате вашите лични интереси пред нивните“, рече Елкин во говорот пренесен во живо од израелските телевизиски канали.
Изборите ќе бидат четврти во Израел за две години и доаѓаат кога Нетанјаху се соочува со критики во врска со неговото справување со пандемијата на Ковид-19 и се бори со обвинувања за корупција, што тој ги негира.
Елкин ќе се приклучи на новата партија предводена од поранешниот колега пратеник на Ликуд, Гидеон Саар, кој на почетокот на овој месец објави дека формира нова партија нареќена Нова надеж со цел да го победи Нетанјаху. Саар го објави преминувањето на Елкин во неговата партија преку твит, иако Елкин не го спомна тоа во својот говор.
Пребезите претставуваат нов предизвик за Нетанјаху пред предвремените избори на 23 март. Неуспехот на парламентот да донесе национален буџет во вторникот го предизвика предвременото гласање.
До неговата оставка, Елкин служеше како израелски министер за високо образование и водни ресурси. Роден во Украина, Елкин течно зборува руски јазик и долго време служеше како толкувач и советник на Нетанјаху во стратешките разговори со рускиот претседател Владимир Путин.
Претходно во средата, Шарен Хескел, помлад пратеник од Ликуд, исто така, објави дека пребегнува во новата партија на Саар, пишувајќи во објава на Фејсбук дека владата на Нетанјаху „го изгуби моралниот мандат да продолжи да управува“. (Ројтерс)