Пратеник пуштил антируски говор на Орбан од пред 18 години, го казниле со 17.500 евра


 

Јавноста во Унгарија не треба да се потсетува дека премиерот Виктор Орбан порано беше жесток бранител на западната демократија и голем критичар на Русија. Претседателот на унгарскиот парламент Ласло Ковер го казни независниот пратеник Акош Хадази со седум милиони форинти (17.560 евра) затоа што го попречил парламентарниот говор на Виктор Орбан на 24 февруари.

Хадази преку разглас ја пуштил изјавата на Орбан од пред 18 години, каде што тој зборува за важноста на западната демократија.

Говорот на Орбан во тоа време е поларна спротивност на сето она што политички го претставува денеска владејачката партија Фидес. Во тој говор, Орбан, меѓу другото, им порача на младите од иднината да не дозволуваат Русите да се искачуваат назад низ прозорецот и да не дозволат воспоставување на повеќепартиски систем без демократија. За споредба, сегашната унгарска влада е најгласниот сојузник на воениот агресор Русија во рамките на Европската унија.