Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржат предлогот Славески да биде гувернер на НБ, вели Мицкоски


Преемиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи предлогот на претседателката Гордана Силјановска Давкова за гувернер на Народната банка. Како што е познато, Силјановска давкова вчера до Собранието достави предлог на чело на Народната банка да застане Трајко Славески, актуелен претседател на Советот на Град Скопје.

„Тоа е одлука на претседателот на државата, не е одлука на Владата. Согласно Уставот, претседателот на државатав го поднесува тој предлог, така што немам што да коментирам. Предлогот ќе ја добие подршката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави денес Мицкоски одговараќи на новинарски прашања, во Општина Желино каде што присуствуваше на пуштање во употреба на пат.