Пожар во стан од зграда во центарот на Скопје, интервенирале две противпожани возила


Фото: Б. Грданоски

Пожар избувнал денеска во стан во зграда на петти кат, во самиот центар на градот Скопје. Во гаснењето интервенирала единица на Противпожарната бригада. Повредени нема, вели командирот на противпожарната бригада на Град Скопје Ѕвонко Томевски.

– Станува збор за пожар во станбена зграда на петти кат, на бул. „Кочо Рацин“, веднаш до Домот на синдикатите. Пожарот настанал од електричен уред, односно кујнски апспиратор. Интевенирано е со две возила и седум пожарникари. Повредени нема, само материјалаи штета – вели командирот Томевски.