Пожар на Ситонија – гори меѓу Метаморфози и Никити
Денеска околу пладне избувна пожар во тревна површина на грчкиот полуостров Ситонија на Халкидики.
Грчката веб-страница Прототема објави дека пожарот избувнал меѓу одморалиштата Метаморфози и Никити.
И двете одморалишта се многу популарни кај македонските туристи.
Наводно во гаснењето на пожарот биле ангажирани 37 пожарникари со 12 возила, меѓу кои двајца пристигнале таму од Бугарија со десет пожарникари.
Во акцијата за гаснење учествуваат и противпожарен хеликоптер и припадници на пешадијата на грчката армија.
Се наведува дека во моментов ниту едно населено место не е загрозено од пожарот.
Συναγερμός σήμανε στην Πυροσβεστική μετά από #φωτιά που ξέσπασε στη #Σιθωνία #Χαλκιδικής μεταξύ Νικήτης και Μεταμόρφωσηςhttps://t.co/3OYvvgvMAB
— Εφημερίδα Πολίτης – Politis.com.cy (@politis_news) July 27, 2023