Повторно украдени бронзени бисти од гробиштата Бутел

Вчера, во 10 часот во СВР Скопје, А.Ј.(53) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.06. до 06.09.2025 од гробно место на Градските гробишта Бутел, со употреба на физичка сила и погоден предмет биле одземени две бронзени бисти.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.