Повторно уапсен Ар Кели, обвинет и за детска порнографија
Американскиот пејач Ар Кели уапсен е во Чикаго откако против него е подигнато обвинение по 13 точки, вклучително и злосторства од сексуална природа, соопшти потпаролот ма канцеларијата на американскиот обвинител Џозеф Фицпатрик.
Фицпатрик објасни дека точките на обвинението вклучуваат и детска порнографија, поттикнување малолетници на сексуални односи и попречување на правдата.
Адвокатот на Ар Кели, Стив Гринберг, за „Чикаго Сан Тајмс“ потврди дека пејачот е уапсен.
Ова е второ апсење на 52-годишниот Кели оваа година за обвиненија за сексуални злосторства.
Добитникот на наградата Греми, беше уапсен во февруари по десет точки од обвинението за сексуални злосторства, во кои биле вклучени четири жени, од кои три биле малолетни кога дошло до наводно злоставување.
Кели се изјасни дека не е виновен и беше пуштен со кауција.