Повторно? Паднаа Фејсбук и Инстаграм


 

Корисниците на социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук повторно имаат проблем со поставување објави и освежување на страниците.

Овие друштвени мрежи повторно имаат проблем со работата, неколку дена откако апликациите не беа достапни неколку часа.

На страницата Downdetector полека опаѓаше бројот на рпијави во врска со проблемите кои вечерва ги искусија корисниците, но сега бројот на пријави повторно порасна на повеќе од 34.000/

На Твитер пак, корисниците објавуваат дека непознатите проблеми со Инстаграм полека се решаваат затоа што на некои веќе им проработила апликацијата.

Од Инстаграм уште не се прогласиле во врска со проблемите.

За потсетување, корисниците ширум светот пред неколку дена се пожалија дека имаат проблеми со пристапот до Фејсбук и други социјални мрежи како Ватсап, Инстаграм и ФејсбукМесинџер, а тие проблеми траеја со часови.

За сега не се знае зошто повторно дојде до прекин и кога ќе се отстрани проблемит.

Најлошиот пад на Фејсбук отави речиси 3 милијарди корисници без можност да се конектираат, а, а комапнијата ја чинеше 164.000 долари по минута, додека падот на акциите избриша пазарна капитализација од повеќе од 40 милијарди долари.