Повлечено обвинението за убиство за актерот Алек Болдвин
Обвинителството на американската сојузна држава Ново Мексико го повлече обвинението за убиство против актерот Алек Болдвин, пренесоа светските агенции. За време на снимањето на филмот Rust, тој пукаше од реквизит пиштол и ја уби Халина Хачинс.
Во јануари, Болдвин беше обвинет дека ја предизвикал смртта на Хачинс од невнимание и го повредил режисерот на „Раст“ Џоел Соуза. Актетерот можеше да се соочи со 18 месеци зад решетки, но тој се изјасни за невин. Неколку месеци подоцна, обвиненијата против него беа отфрлени, а снимањето за вестерн „Раст“ продолжи на 20 април.
„Излегоа на виделина нови факти кои бараат дополнителна истрага и форензичка анализа. Одлуката не го ослободува Болдвин од кривична одговорност и може повторно да биде поднесено обвинение. Нашата понатамошна истрага ќе остане активна и во тек“, соопшти обвинителството во Ново Мексико.
Обвинителството прецизираше и дека нема да ги повлечат обвиненијата против Хана Гутиерез Рид – одговорната за оружјето на снимањето на вестерн „Руст“. Нејзините адвокати рекоа дека очекуваат таа да биде целосно оправдана на судењето и дека „вистината наскоро ќе излезе на виделина“.