Повеќе од 97 отсто од сензорите на Windows повторно се на интернет по глобалниот ИТ пад


Повеќе од 97 отсто од сензорите на Windows се повторно на интернет, изјави во четвртокот извршниот директор на CrowdStrike, Џорџ Курц, речиси една недела откако ажурирањето на софтверот на компанијата за сајбер безбедност предизвика глобален прекин, објави Ројтерс.

Сензорите, инаку, се хардверски компоненти кои можат да му дадат на компјутерот информации за локацијата на компјутерот, околината и слично. Компјутерските програми можат да пристапат до податоците од сензорите и потоа да ги складираат или да ги користат за да помогнат во секојдневните задачи или да го подобрат деловното опкружување.

Неодамнешниот глобален прекин се случи бидејќи напредната платформа содржеше бубачка што ги принуди компјутерите со оперативниот систем Виндоус на Мајкрософт да се исклучат, прикажувајќи го таканаречениот „син екран на смртта“.

Мајкрософт во саботата соопшти дека околу 8,5 милиони Windows уреди биле погодени од прекинот што ги приземји летовите, ги принуди телевизиските станици да ги прекинат емитувањата и ги остави корисниците без пристап до услуги како што се здравствената заштита или банкарството.

„Нашите напори за обновување се подобрени со развој на техники за автоматско обновување и со мобилизирање на сите наши ресурси за поддршка на нашите клиенти“, рече Курц во објавата на LinkedIn во четвртокот.