Повеќе од 2,5 милиони илегални мигранти уапсени од турските власти меѓу 2005 и 2024 година


Турските власти, за периодот 2005-2024 година, уапсиле вкупно 2.667.379 илегални мигранти, покажуваат податоците од истражувањето на Агенцијата за планирање на општина Истанбул.

Истражувањето е направено врз основа на податоците на Генералниот директорат за миграција на турското МВР.

Од почетокот на годинава до август се приведени вкупно 126.766 илегални мигранти.

Во студијата се наведува дека моментално во Турција престојуваат 3.103.606 Сиријци кои имаат статус на привремена заштита.