Повеќе од 2.100 новозаболени во Србија, починаа 49
Во Србија денеска се потврдени 2.180 новозаболени од Ковид-19, додека од последиците на оваа болест починаа 49 лица.
Тестирани биле 14.444 примероци, а на респиратор има 203 пациенти.
Седница на Кризниот штаб закажана е за среда, а медиумите во Србија пренесоа дека медицинскиот дел од тој тим барал денеска да се одржи итна седница поради новиот омикрон сој, кој се поблику е до Србија, а се зголемува бројот на пациенти во европските земји.
Покрај новиот сој, тема на состанокот треба да биде и поместувањето на зимскиот распуст на учениците.
Здравствената струка бара распустот да почне порано, а епидемиологот и член на Кризниот штаб д-р Предраг Кон, рече дека распустот треба да почне поради доаѓањето на иселениците од странство пред Божик.