Повеќе експлозии на аеродромот во Кабул, најмалку 11 мртви

Нешто по 15.30 часот по наше време, на влезот од аеродромот во Кабул одекна експлозија, а потврдена е и друга експлозија што се случаил кај хотелот „Барон“, оддалечен неколку стотини метри.
Талибанците соопштија дека најмалку 11 луѓе загинале, меѓу кои и странски државјани и деца, а дека ранети се и талибански чувари.
Портпаролто на талибанците Забиулах Муџахид рече дека ги предупредиле Американците на можни напади на терористички групи како Исламска држава.
„Талибанците се верни на меѓународната заедница и нема да им допуштат на терористите да го користат Авганистан како база за своите операции. Талибанците ги предупредија американските трупи за можни терористички групи како ИС“, стои во порката на Муџахид.
Пред експлозиите, некој пукаже и на авион на талибанската војска кој евакуирал речиси 100 авганистански цивили од Кабул.
Се се случува откако повеќе западни земји предупредија на можноста од терористички напад на аеродромот во Кабул.
Британскиот министер на оружените сили Џејмс Хијапеј рече дека заканата од терористички напад е многу кредибилна и затоа повеќе западни земји издадоа предупредувања за луѓето кои се наоѓаат на аеродромот во Кабул. Заканата ја опиша како многу сериозна и наведе дека извештаите на разузнавачките служби велат дека нападот може да се случи секој час. На прашањето дали нападот може да се случи во следните неколку часа министерот Хијапеј само кусо рече: „Да“.
Мишел е „многу загрижен“ поради случувањата во Кабул
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел изјави дека е „многу загрижен“ по експлозијата на аеродромот во Кабул.
– Моите мисли одат се со жртвите и нивните семејства, напиша високиот претставник на ЕУ на Твитер.
– Обезбедувањето безбеден премин до аеродромот останува од витално значење, додаде тој.
И фон дер Лајен го осуди нападот кај аеродромот во Кабул
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најостро ги осуди „кукавичките и нечовечки напади на аеродромот во Кабул“.
– Од суштинско значење е да се стори сè за да се осигури безбедноста на луѓето на аеродромот. Меѓународната заедница мора тесно да соработува за да избегне повторно оживување на тероризмот во Авганистан и пошироко, напиша фон дер Лајен на Твитер.
Шефот на НАТО го осуди „страшниот терористички напад“ пред аеродромот во Кабул
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го осуди „ужасниот терористички напад“ во областа на аеродромот во Кабул, изразувајќи сочувство до сите погодени и нивните најблиски.
– Наш приоритет останува да евакуираме што е можно повеќе луѓе на безбедно, што е можно побрзо, напиша Столтенберг на Твитер.