Потона сплавот „Картел“ кај Белградскиот саем, евакуирани 114 лица
Ноќеска потона сплавот „Картел“ во близина на Белградскиот саем. Евакуирани се 114 лица, соопштија од Итната помош за агенцијата Бета.
„Нашите екипи се погрижија за околу 30 млади луѓе кои беа на сплавот. Тие не беа повредени, но мораа да пливаат во ладна вода и доживеаја голем стрес“, велат од белградската Итна помош.
Белградскиот сплав „Картел“ синоќа почнал да тоне, додека на него имало голем број луѓе. Гостите се обиделе да се спасат со пливање до брегот.

Како што пренесуваат српските медиуми, полицијата брзо пристигнала на местото на настанот и со чамци ги евакуирала гостите на сплавот.
„Настана тепачка, почнаа насила да ги симнуваат од сплавот, кога излегов од вратата видов дека водата е до зглобовите, многу се исплашив и ме фати паника“, изјави еден тинејџер (14) кој ја почнува својата исповед за „Телеграф.рс“.
Како што наведува, тој нешто по 11 часот дошол во локалот на настап на раперот Цунами, не сфаќајќи дека еден час подоцна ќе дојде до тепачка меѓу обезбедувањето и еден од гостите.
„Кога заврши тепачката, почнаа да ги бркаат сите луѓе од сплавот, најдов јакна и почнав да излегувам со другарот“, вели тој.„На влезот видовме дека водата веќе ни е до глуждовите, таму најмногу се исплашив и ме фати паника“, додава.
Иако било јасно дека сплавот тоне, луѓето почнале да се враќаат во локалот, тврди тинејџерот, кој, како што раскажува, се туркал со обезбедување за да излезе, бидејќи не сакал да се врати назад.
„Го турнав обезбедувањето и ја прескокнав оградата, а потоа скокнав во водата и пливав на другата страна“, открива момчето.Откако успеал да стигне на сигурно, почнал да ги бара пријателите кои го следеле.
„Кога излегов од водата се тресев и не го чувствував своето тело“, вели тинејџерот.
Гостите панично го напуштиле клубот, а на драматичната снимка може да се забележи неопислив хаос и луѓе кои панично бегаат.