Посттропската бура „Ерин“ носи хаос во Европа: урагански ветрови и огромни бранови

Остатоците од ураганот „Ерин“, кој претходно достигна сила од петта категорија, во наредните денови ќе го зафатат западниот дел на Европа, вклучително и Велика Британија и Ирска. Иако повеќе не е ураган туку посттропски циклон, Ерин сè уште предизвикува сериозна загриженост, предупредуваат метеоролозите.
Се очекуваат урагански ветрови, обилни врнежи и бранови високи и до 12 метри, кои би можеле да го погодат ирскиот и британскиот брег. Јужните делови на Европа ќе бидат зафатени од повеќедневни бури и грмежи.
Американскиот Океански центар за предвидување (NOAA) предупреди дека „Ерин“ и натаму произведува ветрови со сила на ураган. Таквите услови се очекува да потраат најмалку до крајот на неделата.
Во континентална Европа времето ќе биде делумно сончево со раст на температурите, кои повторно ќе надминуваат 30 степени, додека на Јадранот се прогнозира претежно сончево со појава на локални врнежи и засилен југозападен ветер.