Постари од 50 години открија кога биле најсреќни во животот


Луѓе постари од 50 години, од 13 европски земји, беа дел од истражување за нивниот ќживот со посебен нагласок на период од животот во кој се чувствувале најсреќни.

Младоста во современото општество е многу пожелна, а производите и третманите со кои нѐ „бомбардираат“ од сите страни, се само пример за нашата опсесија да бидеме помлади. Сепак, се покажа дека повеќето луѓе не се ни сеќаваат на своите тинејџерски години или на дваесеттите како период во кој ги имале најсреќните денови од животот. Всушност, тоа се триесеттите.

Оваа недела, објавено е истражување во магазинот „Истражувања на социјалните индикатори“, кое се фокусира на ретроспективата на животните искуства на луѓето постари од 50 години.

Податоците покажаа дека нивото на среќа расте од детството, но сепак, периодот од 30-34 години за повеќето луѓе бил најсреќен.

„Од тогаш натаму веројатноста за среќа се намалува, иако линиите се поостри за жените отколку за мажите“, се наведува во студијата.

Авторите на студијата велат дека причина за тоа се животните случувања вообичаени за оваа живтона фаза.

„Периодот на заеднички живот со партнерот и времето поминато со децата значително се поврзани со поголемата веројатност луѓето да ги прожиеват најсреќните денови во животот, за разлика од периодот без заеднички живот и периодот без деца“, пишува во написот.

Иако стварањето сопствен дом и основање семејство (ако тоа е она што сакате да го направите) во тоа време е стресно, сепак топј период од животот се памти како најсречен период во подоцнежниот живот.

Освен тоа, студијата открила дека најверојатно нема да се чувствуваме несреќно во периодот од 10 до 14 или од 70 години натаму, иако се забележува дека претставници на тие возрасни групи во изработката на студијата имало малку, па примерокот не може да се смета за репрезентативен.