Посебен режим на сообраќај на магистралниот пат ГП Блаце – Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека утрово од 5:00 до 7:00 часот на магистралниот пат ГП Блаце – Скопје, на околу четири километри од вториот кружен тек, во насока кон Скопје, ќе се извлекува претходно излетано од патот товарно возило.
МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што во наведениот период сообраќајот ќе се одвива наизменично само за патнички моторни возила.
Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.