Поранешниот директор на ОХИС, Јорго Ќука, е човекот што денеска беше прегазен во Скопје


 

Директорот на гигантот ОХИС од неговото златно време, Јорго Ќука (78), е човекот кој загина во денешната сообраќајна несреќа во Скопје кај мостот „Гоце Делчев“. Ќука возел велосипед кога во него удрил автомобил „фолксваген пасат“. Возачот го оставил автомобилот и избегал од местото на настанот, но полицијата го пронајде неколку часа подоцна.

Ќука беше еден од најпознатите директори во македонската економија во 1990-те.