Порака од Меѓународната вселенска станица до децата заболени од рак


Членовите на екипажот на Меѓународната вселенска станица co видео порака до децата заболени од рак кои учествуваа во создавањето на уметничко-вселенскиот костум „Сонувач“ им ветуваат „дека ќе сторат сè ѕвездите да ги слушнат нивните соништа“.
 
Во април, необичен член на екипажот, вселенскиот костум „Сонувач“, направен од цртежи на деца заболени од рак од 20 градови низ светот, пристигна на ИСС како дел од 65-та долгорочна експедиција.
 
Млади уметници од Русија, Швајцарија, Србија, Замбија, Велика Британија, Франција и други земји ги нацртаа своите соништа за здрав и среќен живот.
 
Од 2016 година, Роскосмос поддржува меѓународни проекти за вселенска уметност на добротворниот фонд UNITY за психолошка поддршка на пациенти со рак, испраќајќи соништа во вселената.