(ВИДЕО) Порака на еден од излечените: Гушнете ги најблиските, не знаете кога може да биде последно!

Дарко Стојанов е првиот пациент кој се врати од Белград по пожарот во дискотеката во Кочани. Тој денеска се огласи на социјалните мрежи со трогателна објава со која, како што вели, пред се’ сака јавно да се заблагодари за личната поддршка која ја добил од огромен дел од јавноста.Открива дека неговата здравствена состојба е добра и стабилна, но и дека сега следува малку подолг процес на опоравување, додека да бидат санирани сите последици.
„Физичките рани и лузните на телото ќе останат, но веќе нема да крварат и нема да болат. Благодарение на Бога јас бев еден од посреќните кој што се спаси таа траорна ноќ. Но, огромен дел за жал ја немаа таа среќа. Болката да се изгуби некој во тој пекол ја почувствував и јас. Тоа е рана која никогаш нема да зарасне, раната на душата кој ќе крвари во мене до крајот на мојот живот“, вели Стојанов.
Птиците да се вратат на југ…повредените да се вратат дома!
Денеска, се врати во земјата Дарко Стојанов, повреден кој беше згрижен во Србија. Дома се врати и Јован Костадинов, јунакот од Виница, како и десетина повредени кои се лекуваа во земјата.
“Сите, сите повредени ќе се… pic.twitter.com/41Dt2VSXgU— Сашо Клековски (Sašo Klekovski) (@sklek) March 25, 2025
Стојанов притоа им се заблагодарува и на сите институции кои биле вклучени во организирањето и реализацијата за лекување во Србија и во останатите земји. Вели дека доколку не се случело тоа, не знае дали сега ќе го пишувал ова.
„Благодарение на целиот медицински персонал во нашата држава, бидејќи тоа се вистинските херои. Се надевам дека што поскоро ќе го сфатиме тоа како држава и дека тие ќе бидат наградени соодветно за се што прават. Се надевам дека ови херои што побрзо ќе добијат се што заслужуваат. Дишам благодарение на брзата реакција на медицинскиот персонал во карил. Не постојат зборови со кои можам да се заблагодарам на целиот персонал од Клинички центар Србија. Моите деца се’ уште имаат татко благодарение на докторите и неверојатните медицински сестри и техничари од клиниката. Тоа беа моите ангели чувари. Благодарам, српски народе! Посакувам што побрзо закрепнуваење на сите кои се повредени и што побрзо да ги гушнат своите сакани. И се надевам дека оваа траорна трагедија ќе не обедини како народ и ќе ни ги отвори очите како луѓе. Гушнете ги најблиските, фамилијата, пријателите, кажете им дека ги сакате. Никогаш не можете да знаете кога е тоа за последен пат“, порачува Стојанов.