Поради снежна бура, откажани повеќе летови од Истанбул


Поради неповолните временски услови, неколку летови ќе бидат откажани во среда на аеродромот во Истанбул (IST), соопшти Туркиш ерлајнс.

Компанијата ги информираше патниците дека летовите кои полетуваат и пристигнуваат на овој аеродром се погодени од лошо време.

Аеродромот Сабиха Ѓокчен, кој се наоѓа во источниот дел на Истанбул, најави и откажување до 15 отсто од домашните и меѓународните летови закажани за четврток и петок поради обилни снежни врнежи.